Болниците во Германија пред колапс, одобрени нови построги ковид-мерки – Makedonija News

Болниците во Германија пред колапс, одобрени нови построги ковид-мерки

Германските пратеници денеска одобрија нови мерки за борба против рекордниот број заразени од коронавирус.

Одлуката, како што пренесуваат тамошните медиуми, дојде кога директорот на германската агенција за контрола на болестите предупреди дека земјата може да се соочи со навистина страшен Божик.

Меѓу новите мерки е и барањето вработените да докажат дека се вакцинирани, дека прележале Ковид-19 или дека имаат негативен тест на коронавирус за да може да пристапат на работното место.

Мерките беа усвоени во Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент, со гласовите на социјалдемократите, зелените и либералдемократите, јавуваат агенциите потсетувајќи дека овие три партии во моментот преговараат за формирање нова влада.

Новите мерки треба да ги одобри и горниот дом на германскиот парламент – Бундесратот.

Германската агенција за контрола на болестите, Институтот „Роберт Кох“, објави 65.371 нов дневен случај, со што беше надминат рекордот од претходните 24 часа и продолжи нагорниот тренд за кој експертите предупредуваат со недели.

„Во моментот се движиме кон сериозна вонредна состојба. Ќе имаме навистина ужасен Божик ако сега не преземеме контрамерки“, рече директорот на Институтот, Лотар Вилер, за време на онлајн-дебатата.

Тој рече дека Германија треба да ја зголеми стапката на вакцинација на над 75 отсто од сегашните 67,7 отсто.

Некои области во Германија имаат стапка на вакцинација, која достигнува само 57,6 проценти.

Social profiles