Миленикот на Холивуд во улога на монструм: Ди Каприо како лидер на култот поради кој умреле 900 луѓе – Makedonija News

Миленикот на Холивуд во улога на монструм: Ди Каприо како лидер на култот поради кој умреле 900 луѓе

Се снима филм за трагедијата во Џонстаун, каде во ноември 1978 година лидерот на култот „Peoples Temple“, Џим Џонс, однел во смрт повеќе од 900 луѓе, а главната улога би требало да му припадне на Леонардо Ди Каприо.

Оскаровецот и миленик на женската публика, 47-годишниот Леонардо Ди Каприо, е во завршни преговори за филмот за незапаметената трагедија во Џонстаун од која се заледува крвта во вените и по 43 години.

Ди Каприо во филмот ќе го толкува Џонс, кој на 18-ти ноември 1978 година оркестрирал масовно самоубиство на повеќе од 900 луѓе. Тој своите следбеници ги натерал да испијат пијалак помешан со цијанид, а дури третина од настраданите биле деца.

Џонс ја основал религиската организација „Peoples Temple“ во 1955 година во американскиот Индијанаполис и на почетокот ја промовирал како христијанско и социјалистичко движење, но со текот на времето се претворила во култ за обожување на неговата личност.

Комуната Џонстаун ја основал во Гвајана како социјалистичка утопија, а себе се прогласил за божество и вешто манипулирал со своите следбеници кои слепо ги следеле неговите ексцентрични идеи. Пред масакрот, Џонс на своите луѓе им наредил да убијат пет истражители од САД кои биле испратени во Јужна Америка за да дознаат што точно се случува во Џонстаун.

Ди Каприо сè уште не потврдил дека ќе го толкува озлогласениот Џим Џонс, но затоа обожавателите наскоро ќе можат да го гледаат во романтичната комедија „Don’t Look Up“ и драмата „Killers of the Flower Moon“.

Social profiles