(ВИДЕО) Стотици луѓе протестираа во Ротердам против дополнителното заострување на мерките против ширењето на КОВИД 19 – Makedonija News

(ВИДЕО) Стотици луѓе протестираа во Ротердам против дополнителното заострување на мерките против ширењето на КОВИД 19

Холандската полиција рани најмалку две лица во безредијата кои избувнаа во Ротердам поради новите епидемиолошки мерки. Демонстрантите најнапред фрлаа на полицијата со камења и со пиротехника, а запалија и полициски возила, по што полицајците испукаа предупредувачки истрели од огнено оружје.

Стотици демонстранти се собраа поради воведувањето на ковид-потврдите и забраната за огномет за време на новогодишната ноќ. Холандија во минатата недела поради растот на бројката новозаразени воведе делумен локдаун, кој ќе биде во сила 3 недели.

Седум лица се повредени, а најмалку 20 демонстранти се уапсени во ноќта која градоначалникот на Ротердам ја нарече „оргија на насилство“. „Испукавме истрели за предупредување, а имаше и директни бидејќи ситуацијата беше опасна по живот“, изјави за агенцијата Ројтерс гласноговорничката на полицијата, Патриција Веселс. „Знаеме дека барем две лица се ранети, веројатно како резултат на истрелите за предупредување, но мораме натаму да ја истражиме причината“, додаде таа.

Подоцна беше соопштено дека меѓу повредените има и полициски службеници.

news1.mk

Social profiles