Загинаа пет лица откако автомобил влета во Божиќна парада во САД – Makedonija News

Загинаа пет лица откако автомобил влета во Божиќна парада во САД

Најмалку пет лица загинаа, а 40 се повредени откако автомобил влета во парада во американската сојузна држава Висконсин. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат црвен теренец како поминува низ божиќната парада во градот Вокеша, источно од Милвоки.

Шефот на полицијата Ден Томпсон кажа дека десетици луѓе се повредени, меѓу кои има и деца, а едно лице е во притвор.

„Во овој момент се чини дека не станува збор за терористички чин“, додаде Томпсон.

Од полицијата кажаа дека осомничениот наводно бегал од друг инцидент кога влетал меѓу луѓето на парадата.

Вокеша, град со 72.000 жители, традиционално одржува парада во недела пред Денот на благодарноста.

„Возилото на осомничениот е запленето. Полицијата морала да пука во автомобилот во обид да го запре“, изјави Томпсон.

Social profiles