По 21 година откриен е планот за убиството на Аркан – Makedonija News

По 21 година откриен е планот за убиството на Аркан

План за ликвидација на Аркан постоел и пред неговотo убиство во „Интерконтинентал“.

Како што открива Поповиќ, планот лесно пропаднал бидејќи убијците биле во врска со Владимир Јевтовиќ Јорго.

– Гавриќ и екипата  биле на Палиќ, во пресрет на православна Нова година. Јорго сè им „отпеал“, каде се наоѓа. Сето тоа беше снимено на базните станици. Зоран Николиќ Пегла, кој почина во затворската болница, ја откри целосната приказна. Од подготовките до бегството – опишува шефот на полицискиот тим кој ја водел истрагата. За шпекулациите дека Аркан е жив и е виден на различни места, Поповиќ децидно вели:

„Тој не е жив. Ги видов фотографиите од неговата обдукција“ – Поповиќ не остава ни трошка дилема.

Гавриќ е осуден на 35 години затвор за тројното убиство во „Интерконтинентал“, во кое, покрај Аркан, на 15 јануари 2000 година беа убиени и Миленко Мандиќ и Драган Гариќ. Додека Драган Николиќ Гаги и Милан Ѓуричиќ Мики беа осудени на 30 години. Милан Ѓуричиќ Мики беше убиен во престрелка во Јужноафриканската Република. Гавриќ исто така беше уапсен во таа земја во 2011 година и чека екстрадиција во Србија. Тој упорно избегнува екстрадиција и се бори за политички азил во таа земја, тврдејќи дека луѓето на Аркан би го убиле во Србија.

Поповиќ нема дилема дека Аркан му бил миленик на Слободан Милошевиќ, тоа го предочува од разговорот со Радомир Марковиќ.

-Раде и Аркан „не се мирисаа“. Ниту пак Раде го сакаше, ниту го почитуваше. А кога го слушав Раде за време на „Сабја“, ми раскажа една интересна приказна. Ми раскажа како седел во канцеларија еден ден и му се јавила секретарката, го известила дека дошол Жељко Ражнатовиќ и дека сака да разговара со него. Внимавајте, поминал тукутака низ зградата на Државната безбедност и влегол во неговата канцеларија. Раде го примил, а Аркан веднаш му рекол: „Здраво Раде. Видете, само што разговарав со Слоба и тој ми рече да ми дадете дозвола за моите бензински пумпи“. Тоа му било потребно за увоз на нафта, а во тоа време МВР сè уште даваше акцизни дозволи бидејќи по бомбардирањето беше воена состојба – се сеќава Поповиќ.

Поповиќ  продолжува да се сеќава на разговорот со поранешниот шеф на Државната безбедност.

„Раде тогаш ми рече: „Гледам, го земам телефонот и му вртам на Слоба, и му велам: „Господине претседателе, овде е тој и тој, дали Вие го испративте кај мене да му го завршам тоа? Марковиќ тврди дека Милошевиќ тогаш му рекол: „Раде, заврши му го тоа“. И ја прекинал линијата. Ова не е тајна. Слоба го обожаваше Аркан. Не да го сакаше, го обожаваше – вели Поповиќ.

Поповиќ објаснува и дека Мира Марковиќ го назначила Раде Марковиќ на функцијата прв човек на ДБ и дека тоа било голема грешка.

– Тој не беше стручен за таа работа бидејќи целиот свој живот го помина во јавната безбедност… Да беше паметен ќе одбиеше – вели Поповиќ без дилема. Дилема нема и кога станува збор за одговорот на прашањето зошто Јовица Станишиќ добил отказ. – Тој не беше американски шпион, но сакаше добри односи со ЦИА и да се „испеглаат“ односите меѓу Србија и САД, за да не ни пречат повеќе – вели Поповиќ.

Извор: objektiv.rs

Social profiles