14-годишно дете возејќи мотор се судри со автомобил во Кочани, две лица се во болница – Makedonija News

14-годишно дете возејќи мотор се судри со автомобил во Кочани, две лица се во болница

Четиринаесетгодишник управувајќи мотор се судри со автомобил доцна синоќа на место викано ,,Подлошка крстосница“ во Кочани.

„Несреќата се случи помеѓу патничко моторно возило ,,бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кочани и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 14- годишен малолетник од Кочани“, информираат од МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот 17 годишен сопатник од селото Горни Подлог, кои по укажаната лекарска помош во здравствена установа Кочани се префрлени во Клинички центар Штип. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Кочани.

Social profiles