„Ѓоковиќ по овие уцени најверојатно нема да настапи на Австралијан опен“ – Makedonija News

„Ѓоковиќ по овие уцени најверојатно нема да настапи на Австралијан опен“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Австралијан опен треба да го брка неговиот 10. трофеј на првиот гренлем-турнир во сезоната, но засега не е познато дали ќе настапи поради условите за настап.

Ѓоковиќ засега не открива дали е вакциниран и дали ќе настапи на турнирот, а неговиот татко кажа дека организаторите треба да прекинат со уцени.

„Секој од нас има право да избере дали ќе се вакцинира. Никој нема право да влегува во нашата интимност. Не смеат организаторите вака да го напаѓаат освојувачот на девет титули. Дали ќе се појави таму зависи од нив, а јас би сакал тоа да се случи, но под притисок и вакви уцени тој најверојатно нема да игра“, кажа таткото на тенисерот, Срѓан Ѓоковиќ.

Social profiles