29 ноември 1945, прво одбележување на Денот на републиката во СФРЈ – Makedonija News

29 ноември 1945, прво одбележување на Денот на републиката во СФРЈ

Денот на Републиката ја одбележувал годишнината од Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија во Јајце на 29 ноември 1943 година, кога претставниците на партизанското движење на отпорот прогласиле федерално уредување на Југославија и уставотворно собрание на Федеративна Народна Република Југославија на 29 ноември 1945 година.

Овој празник се одбележувал со најразлични настани и активности, а ден-денес овој ден предизвикува носталгија кај постарите граѓани со сеќавање на еден поубав живот и поубави времиња за разлика од сега.

Со распадот на Југославија, престанало и одбележувањето на Денот на Републиката во сите републики на некогашната држава освен во Србија, каде одбележувањето престанало во 2002 година.

Social profiles