Девојка од Скопје го воодушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“ во вториот круг со песна од Тамара Тодевска (видео) – Makedonija News

Девојка од Скопје го воодушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“ во вториот круг со песна од Тамара Тодевска (видео)

„Првата песна фантастична, маестрална, без грешка…“ ѝ кажа Марија Шерифовиќ на Андријана за изведбата на песната од Тамара. Ментор на талентираната скопјанка е Ѓорѓе Давид.

Андријана Петрушовска (22) од Скопје имаше спектакуларен настап со песната „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд.“

Ментор ѝ е Ѓорѓе Давид, а по спектакуларниот настап, на кој се појави во мини кожен фустан, таа доби 6 „ДА“ од жирито.

„Првата песна фантастична, маестрална, без грешка…“ ѝ кажа Марија Шерифовиќ на Андријана за изведбата на песната од Тамара.

„Те слушав и на тонската проба, ова е една од најубавите интерпретации кои се случиле оваа сезона“, изјави Александар Милиќ Мили за Андријана.

Андријана сподели фотографии и видео од настапот на својот Инстаграм профил и напиша:

„Пресреќна сум! Се гледаме во 3 круг. Огромно благодарам на сите за поддршката, а посебно на мојот драг ментор Ѓорѓе Давид!“

Social profiles