Најатрактивни за мажите се жените со сини очи – Makedonija News

Најатрактивни за мажите се жените со сини очи

Мажите ги привлекуваат жени со сини очи, додека жените ги привлекуваат мажи со темни очи… Дали се согласувате со резултатите од ова истражување? Каква боја на очи ве привлекува вас?

За мажите најатрактивни се жените со сини очи, откри едно неодамнешно истражување во Велика Британија направено од компанијата за леќи Lenstore, користејќи ги податоците од сајтовите за состанување Bumble, Tinder и Hinge. 

Од друга страна пак, заклучокот е дека на жените најмногу им се допаѓаат мажи со темни очи.

Привлечноста која жените ја чувствуваат кон темните очи на мажите, психијатарот Александер Лапа ја поврзува со еволуцијата, асоцијацијата на сила и со нашите предци.

Од друга страна пак, маѓепсаноста на мажите од жените со светли очи ја поврзува со наметнатите критериуми за убавина од општеството, односно тоа што во медиумите жените со сини очи и руса коса често се портретираат како привлечни.

Дали се согласувате со резултатите од ова истражување? Каква боја на очи кај партнерот ве привлекува вас?

Social profiles