Spotify ја укина здодевната опција Shuffle – Makedonija News

Spotify ја укина здодевната опција Shuffle

Популарната пејачка Адел го убеди Spotify да ја отстрани опцијата shuffle од сите албуми за песните да можат да се слушаат по редоследот кој го замислил авторот на албумот, пишува BBC.

„Не ги создаваме албумите со толкаво внимание и не размислуваме за редоследот на песните без причина. Нашата уметност раскажува приказна која треба да се слуша онака како што е замислено. Ви благодариме Spotify што послушавте“, напишала Адел на Твитер.

Од стриминг платформата ѝ одговорија: „Сè за тебе“ и ја отстранија можноста слушателите да го менуваат редоследот на слушање на песните од албумот кога ќе се обидат да започнат да го слушаат од самата страница на истиот.

Сепак, симболот за shuffle – две вкрстени стрелки, сè уште се појавува на одделни страници на поединечни песни на албумите.

Ова значи дека сè уште може да започнете со слушање на некој музички албум од која било песна и да изберете песни за репродукција по случаен редослед, но сепак е малку покомплицирано од претходно.

Албумот „30“ – првиот албум на Адел по 8 години – е достапен на Spotify од петокот. Ова е промена во однос на нејзиниот последен албум „25“ кој може да се купи физички или да се преземе од официјалниот сајт откако беше официјално објавен во ноември 2015 година.

Social profiles