На денешната седница Владата ќе расправа за нови мерки за Ковид-19 во земјава – Makedonija News

На денешната седница Владата ќе расправа за нови мерки за Ковид-19 во земјава

Владата на Република Северна Македонија, денеска, ќе ја одржи редовната, 122-ра седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе биде разгледуван Предлогот на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи.

На предлог на Министерството за здравство, на денешната редовна седница ќе биде разгледан и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита.

Владината седница, предвидено е да започне во 13:00 часот.

Social profiles