
Урмите се толку здрави што се речиси неопходни во нашето мени. Тоа што се многу слатки и вкусни им оди во прилог. Се што ви треба е да земате три урми секој ден во текот на една недела.
Еве што ќе се случи со вашето тело ако го следите ова правило:
- Коските ќе ви бидат поздрави
Минералите кои се наоѓаат во сувото овошје како што се фосфор, калиум, калциум и магнезиум, ги зајакнуваат нашите коски и се борат со болести како што е остеопорозата.
- Метаболизмот ќе работи како часовник
За метаболизмот се потребни влакна, а урмите содржат многу влакна. Урмите спречуваат запек , надуеност и се што ја попречува нормалната работа на цревата. Научниците докажаа дека оние луѓе кои редовно јадат урми, немаат никакви проблеми со метаболизмот.
- Ќе заборавите на стресот и депресијата
Урмите содржат витамин Б6, кој му помага на телото да произведува серотонин , кој го подобрува здравјето на мозокот. Серотонинот го регулира вашето расположение, а норепинефринот се бори против стресот. Науката докажа дека ниското ниво на витамин Б6 е директно поврзано со депресијата. Колку повеќе витамин Б6 внесуваме во телото, толку подобро ќе се чувствуваме и физички и психички.
- Ќе имате енергија
Урмите се богати со влакна , калиум , магнезиум , витамини и антиоксиданси што ги прави совршена ужина. Тие обезбедуваат трајна експлозија на енергија благодарение на шеќерите што ги содржат како фруктоза и гликоза.
- Вашето срце ќе ви биде благодарно
Истражувањата покажаа дека урмите го намалуваат нивото на триглицериди и го намалуваат оксидативниот стрес , кои се фактори на ризик за срцеви заболувања и атерогенеза. Тие се богат извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен удар, како и други болести поврзани со срцето.
- Ризикот од рак на дебелото црево е помал
Урмите ги штитат нашите црева од штетни бактерии и на тој начин го спречуваат нивното ширење на дебелото црево. Луѓето кои редовно консумираат урми имаат добри бактерии кои го спречуваат ракот на дебелото црево.
- Ќе заборавите што беше алергија
Урмите се познати антиалергени. Тие ги спречуваат симптомите на речиси сите алергени .
- Ќе станете многу послаби
Урмите имаат таков состав што го чистат телото од токсини , масти , го подобруваат варењето, што доведува до губење на тежината.