Преспавци открија кога ќе почне емитувањето на новата сезона на „Преспав“ – Makedonija News

Преспавци открија кога ќе почне емитувањето на новата сезона на „Преспав“

Кој ви е омилен лик од серијата Преспав? Кој ве смее најслатко? Уште колку дена броиме до дружбата со фамозните Преспавци?

Шестата сезона на серијата „Преспав“ започнува да се емитува од 20-ти декември секој работен во 20:15 часот на МРТВ1.

Наскоро ќе може повторно слатко да се смеете на чудните рецепти на Марио, сплетките на Наим, комбинациите на инспектор Томе, авантурите на Коста, забавните изјави на Јелена, љубовта кон ракијата на Миле и посветеноста на правдината на Тони.

Ќе се забавувате со пророштвата на Исаура, цитатите на Наташа, строгоста на Ула, но и со ликот и делото на уникатниот Талат.

Social profiles