Двајца полицајци повредени во сообраќајка на автопатот пред Скопје – Makedonija News

Двајца полицајци повредени во сообраќајка на автопатот пред Скопје

МВР информира дека двајца полицајци се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопат на влез за Скопје, пред „клучката Ченто“.

Според полицијата, несреќата се случила помеѓу „мерцедес“, управуван од А.Ј.(60) од Скопје и „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле двајца полициски службеници, на кои им била укажана помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Social profiles