(ВИДЕО) Виртуелна јахта продадена за 650.000 долари – Makedonija News

(ВИДЕО) Виртуелна јахта продадена за 650.000 долари

Виртуелна јахта направена во метаверзум за онлајн играта The Sandbox, е продадена за 650.000 долари.

Откако основачот на Facebook, Марк Цукерберг го смени името на компанијата во Meta, настаните во метаверзумот привлекуваат сѐ повеќе внимание.

The Sandbox е генерално многу слична со другите видеоигри што може да се играат во дигиталниот свет. Играчот може да гради, поседува и монетизира различни работи на платформата, но за разлика од Minecraft каде сè што прави припаѓа на развивачите на платформата, креаторите на The Sandbox се вистинските сопственици на дигитални средства и можат да ги продаваат како во реалниот свет.

Пример е мегајахтата наречена MetaFlower, која би била огромен луксуз во реалниот свет. Има простор за диџеј, хелиодроми, џакузи, три палуби за забава на гостите, а е дел од серијата Fantasy Collection на платформата овозможува и пристап до Fantasy Marina. Иако не изгледа одлично во 2D формат, дизајнирана да биде најскапоценото парче во The Sandbox.

Јахтата MetaFlower пред неколку дена беше продадена за 650.000 долари.

Според многумина, метауниверзумот наскоро ќе „експлодира“, а имотите како оваа јахта ќе бидат одлична можност за заработка.

извор: lifestyle.mk

Social profiles