„Марка“ со остар коментар за „Златната топка“: Европа е понижена! – Makedonija News

„Марка“ со остар коментар за „Златната топка“: Европа е понижена!

Освојувањето на седмата „Златна топка“ од страна на Лионел Меси донесе навистина многу реакции од сите страни, а истите нема да запрат уште долго.

Влијателната „Марка“ објави уреднички коментар на кој е потпишан Раул Валера и во кој вели признанието „Златна топка“ го понижило европскиот фудбал.

– Знаете ли што е заедничко за Адријано, Робињо, Луис Суарез, Алексис Санчез и Дани Алвес?

– Сите ја освоија Копа Америка, сите беа прогласени за најдобри играчи на турнирот и ниту еден од нив не ја освои „Златната топка“, – вели Валера алудирајќи на единствениот важен успех на Меси оваа година.

– Европа е понижена. Да се откажеме од актуелниот поредок во светскиот фудбал, бидејќи од вчера знаеме дека Копа Америка е позначајна од Европското првенство и Лигата на шампионите.

– Без разлика што Јужноамериканците имаат 5 селекции во Топ 20 на ФИФА ранкингот, очигледно дека Колумбија, Еквадор, Перу, Парагвај и Бразил се на повисоко ниво од Ливерпул, Баерн, Атлетико, Белгија, Англија или Шпанија.

– Трофеите на Меси се помалку значајни од тие на Жоржињо, Аргентинецот постигна помалку голови од Левандовски, а немаше ни влијание на играта на својот тим како еден Бензема. Што е следно? Најдобриот играч на Африканскиот куп на нации да ја добие „Златната топка“? Впрочем, постои еден проблем, Меси не може да настапи таму, – вели уредникот на „Марка“.

Social profiles