Клоп се чуди: Ако сега не му ја дадете „Златната топка“ на Левандовски, кога? – Makedonija News

Клоп се чуди: Ако сега не му ја дадете „Златната топка“ на Левандовски, кога?

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Роберт Левандовски заслужил да ја добие „Златната топка”, прстот го впери кон новинарите, кои гласаат во изборот на Франс Фудбал.

Лео Меси синоќа по седми пат ја подигна „Златната топка“, награда за најдобриот фудбалер во сезоната. Изборот предизвика голема дебата, многумина сметаат дека Роберт Левандовски заслужил да стигне до ова престижно признание.

„Новинарите гласаат, така? Тогаш не ме прашувајте мене, вие сте криви. Разговарајте со вашите колеги чим мислите дека требало да биде поинаку“ – одговори Јирген Клоп на прашањето дали е изненаден од лошото рангирање на Мо Салах и тоа што Роберт Левандовски повторно извиси.

„Секогаш можете да му ја дадете на Лео Меси поради неговата кариера, но доколку сега не му ја дадате „Златната топка“ на Роберто Левандовски, по таква сезона, тешко дека некогаш вооопшто ќе ја добие“.

„И да, Мохамед Салах дефинитивно требаше да биде некоја позиција погоре“.

Social profiles