Полицаец отстранет од работа, на „Табановце“ пуштил лице без ковид-сертификат – Makedonija News

Полицаец отстранет од работа, на „Табановце“ пуштил лице без ковид-сертификат

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полицаец со иницијали А.Б. од полициската станица за гранични работи Табановце, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што информираат од МВР, на 21 ноември во 10:50 часот на граничниот премин Табановце пријавениот при вршење на пасошка контрола одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР-тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на одлуките за заштита на здравјето на населението од Ковид-19.

Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

извор:news1.mk

Social profiles