Kинез среде Пекинг ги пее песните од нашиот Тоше Проески(Видео) – Makedonija News

Kинез среде Пекинг ги пее песните од нашиот Тоше Проески(Видео)

На социјалната мрежа Инстаграм се појавија видеа на кои може да видиме и слушнеме како еден уличен музичар од Кина пее хитови од нашиот вечно непреболен Тоше.

На видеото може да се види како уличниот музички изведувач, на Инстаграм потпишан како „Wang Xiao Chong“ ги пее и свири на гитара песните од Тоше.

„Још увјек сањам да смо заједно“ и „Чија си“, се песните кои беа испеани од овој музичар.

Под видеата исто така можат да се забележат коментари од македонската јавност, ова се дел од нив:

„Браво, ти благодарам што ја споделуваш музиката од Тоше“, „Ти благодарам што го правиш ова, ти си посебен“, „Бог нека те благослови, многу поздрав од Македонија“, „Те сакам и ти благодарам“…

Во продолжение погледнете ги видеата:

Social profiles