Со два воени авиона утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа – Makedonija News

Со два воени авиона утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа

Со два воени транспортни авиони утре изутрина од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма“, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.

-Бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа, изјави Ангелов.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени.

Social profiles