Од денеска на Google Play Store е достапна апликацијата за слушање во живо на Супер радио – Makedonija News

Од денеска на Google Play Store е достапна апликацијата за слушање во живо на Супер радио

Од денеска на Google Play Store е достапна апликацијата за слушање во живо на охридското Супер радио.

На многу едноставен начин и со користење на минимални интернет ресурси и меморија на телефоните, програмата на Супер радио сега е достапна за сите Android корисници ширум светот.

– Ова е само дел од новитетите кои ги подготвуваме за периодов кој е пред нас. Деновиве започнува новогодишниот дизајн на програмата, а после празниците имаме комплетно нова програмска шема, нов радио дизајн, кој се надеваме дека уште повеќе ќе придонесе за слушателите да имаат поквалитетна програма со уште повеќе селектирани информативни, забавни, спортски и секако музички содржини, вели уредникот на Супер радио Јане Стефанов.

Апликацијата на која може да се информирате која тековна песна свири на радио, да контактирате со радио станицата, но и да ги посетите социјалните профили на најдобрата локална радио станица во овој регион од државата е дело на 30-годишниот охриѓанец Анѓеле Мурџоски, кој живее и работи во Словенија.

– Апликацијата е дело на мојата компанија ElectricalForce. Веќе 4 години активно работам на креирање Android апликации. Идејата да се изработи оваа апликација дојде сама по себе и ќе продолжиме да соработуваме со тимот на Супер Радио. Апликацијата е достапна моментално за Android Платформа од Android 4.1 верзија до најновата Android 12, а исто така е достапна и за Android Tv (Tv Box), вели Мурџоски.

Симнете ја бесплатно на Google Play Store и уживајте во звукот на Охрид каде и да сте во светот… (Крај)

извор: ohrid1.com

Social profiles