Претседателот на МАНУ професор д-р Љупчо Коцарев, е добитник на Св. Клиемнтовата награда – Makedonija News

Претседателот на МАНУ професор д-р Љупчо Коцарев, е добитник на Св. Клиемнтовата награда

Актуелен претседател на Македонската акаденија на науки и уметности – МАНУ, Професор д-р Љупчо Коцарев, е добитник на највисокото признание што го доделува Општина Охрид „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

Градоначалникот Кирил пецаков на денешната прес конференција информираше дека до Комисијата за одбележување празници и манифестации пристигнале 6 предлози, а таа едногласно одлучила добитник на наградата да биде академик Љупчо Коцарев.

„Охрид за нас и за Светот е посебен не само заради своите уникатни, природни и културни вредности туку и заради многумината исклучителни поединци кои со своите корени се цврсто поврзани со Охрид, но плодовите на својата животна мисија му ги подариле на целиот Свет и на генерациите кои доаѓаат по нив. Речиси секоја генерација има по некој таков современик….По наше длабоко уверување еден од нив е годинешниот добитник на највисоката и најпрестижна наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, академик Лупчо Коцарев.
Што може да се каже за оваа авангардна личност освен дека е нашиот најпознат и најпризнаен интелектуалец, еден од најцитираните автори, професори, научници, човек кој многу одамна застанал во одбраната на интересите на Македонија.

Неговиот импозантен лик и дело не прават среќни и горди на сите нас. Академик Љупчо Коцарев е по потекло од Охрид. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје , магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот за физика на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Неговата богата наставно- научна дејност почнува на Електротехничкиот факултет во Скопје, продолжува на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего- САД, а студиски престои остварува во САД, Германија, Италија, Унгарија, Шпанија. Неговите публикации се цитирани илјадници пати исто како и превземањата на текстовите од книгите кои ги едитирал.

Научниот интерес е широк во областите на физиката, техничките и компјутерските науки. Фасцинира бројот на публикации објавени во часописи со фактор на влијание,во зборници на рецензирани трудови. Едитор е на шест книги и автор на шест патенти одобрени во САД и Европа. Академик Коцарев е редовен член на МАНУ од 2007, а во ноември 2019 година е избран за претседател на МАНУ. Најдобра илустрација за неговата важност во Светот на науката е што престижниот универзитет Стенфорд го ставил на листата на најдобри топ научници на сите времиња од сите области.

До стручната комисија во состав Перчо Божиноски- претседател и членовите: Проф. д-р Виолета Ачкоска, Проф. д-р Сашо Коруноски, проф. д-р Димитар Пандев и Горан Стојаноски пристигнаа шест апликации за највисоката општинска награда Св. Климент Охридски патрон на градот Охрид, а едногласно до мене беше доставен предлог добитник на награта Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид“ да биде токму ценетиот академик Проф. д-р Љупчо Коцарев кој за наградата беше предложен и поддржан од видни и истакнати доктори на науки, професори, уметници, писатели и истакнати охриѓани“, истакна градоначалникот Пецаков.

Оваа година доделени се и три повелби „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

Како што соопшти претседателот на соодветната општинска комисија, Перчо Божиноски, Повелба им се доделува на активистката за права на лицата со ретки болести Гордана Лолеска, на Еколошкото здружение „Еко Фап“ и постхумно на туристичкиот и културен работник, прерано починатиот Мишо Јузмески.

Social profiles