Новата варијанта од вирусот регистрирана во училишта во Швајцарија – Makedonija News

Новата варијанта од вирусот регистрирана во училишта во Швајцарија

Швајцарските кантони Женева и Вауд ставија во карантин 2.000 луѓе, главно деца, откако во меѓународно училиште беа откриени два случаи на коронавирус од типот омикрон.

„По два потврдени случаи на сојот омикрон оваа недела во кампусот Шатоне, меѓународното училиште во Женева, медицинските служби Вауд и Женева заеднички одлучија да ги стават во карантин сите студенти и персоналот на кампусот 10 дена“, се вели во соопштението на женевските власти.

Околу 1.600 лица во карантин во Вауд и Женева се деца, а покрај учениците, тест треба да направат и родители, браќа и сестри.

Швајцарија идентификуваше неколку случаи на новиот сој на ковид во пет кантони и воведе забрана за влез во земјата на патници кои доаѓаат од Јужна Африка.

ивор:news1.mk

Social profiles