
Трагичната вест во Египет. Главниот тренер на фудбалскиот клуб Ал Магд, Адхам Ел Селхедар, почина од срцев удар во моментите додека неговите играчи се радуваа. Ттренерот доживеа срцев удар славејќи го голот на своите играчи против екипата на Ал Зарк во втората лига на Египет.
За фудбалскиот стручњак немало помош, иако брзата помош пристигнала брзо и почнала со обидите за реанимација на теренот. За жал, лекарите можеле само да констатираат смрт.
Причината е срцев удар.