(ВИДЕО) Германија со воени почести ја испрати Меркел во пензија – Makedonija News

(ВИДЕО) Германија со воени почести ја испрати Меркел во пензија

По 16 години како германска канцеларка, Ангела Меркел политички се пензионира. До изборот на нејзиниот наследник, што најверојатно ќе се случи следната недела, Меркел и понатаму е „техничка канцеларка“, но вчеравечер Германија со воени почести се збогува со шефот на владата.

Во четврток во Берлин се одржа „Големата вечер“ (Großer Zapfenstreich), што е најголемата воена церемонија во Сојузна Република Германија – со факели, војници во свечени униформи, офицери и кореографија испланирани до последен детаљ, а со која се збогува со сојузните канцелари, сојузните претседатели и федералните министри и министрите за одбрана. Тоа е традиција чии корени датираат од 16 век.

Social profiles