Вработените во ЈП „Водовод“ земале највисоки плати, причина пресметката на истата – Makedonija News

Вработените во ЈП „Водовод“ земале највисоки плати, причина пресметката на истата

Вработените во ЈП „Водовод“ Охрид земале највисоки плати, споредбено со вработените во останатите Јавни претпријатија на ниво на град Охрид. Ова траеле долги години, се менувале директори, но на сите очигледно им одговарала оваа пракса со која се зголемувале бодовите – едноставно сите биле среќни.

Дознаваме дека причината за високите плати, споредбено со колегите од останатите ЈП е пресметката на истите. Имено според законот за пресметка на плати на работникот му се пресметува половина процент од минатиот труд, со што се покачува месечната плата. Во случајот на ЈП „Водовод“, наместо половина, се пресметувал еден процент минат труд, со што години ова ЈП го прекршува законот за пресметка на плати.

Се наметнува прашањето дали воопшто во ова ЈП некој извршил контрола, а доколку извршил како не го забележал ова.

Директорот на ЈП Сашо Сотироски за Охрид 1 вели дека веднаш констатирал дека при пресметката на плата за вработените се прекршува законот, по што веднаш дал налог истото веќе на следната плата да се корегира. Ова значи дека вработените вклучувајќи го и директорот веќе следниот месец ќе добијат плата според закон.

извор: ohrid1.com

Social profiles