Родителите обвинети во име на нивниот син кој уби четири ученици во САД се во бегство – Makedonija News

Родителите обвинети во име на нивниот син кој уби четири ученици во САД се во бегство

Родителите против кои е поднесено обвинение за убиство од небрежност во име на нивниот малолетен син кој убил четири ученици од своето средно училиште во Мичиген, се во бегство и полицијата трага по нив.

И натаму не се знае каде се наоѓаат, иако нивните адвокати навеле дека ќе се предадат на полицијата.

Џејмс и Џенифер Крамбли ги бара локалната и сојузната полиција, изјавил денеска началникот на локалната полиција во Мичиген.

Адвокатите на тој брачен пар наведуваат дека тие не се во бегство и додале дека заминале од безбедносни причини веднаш по пукањето во кое нивниот Итан убил четири ученици.

“Тие се враќаат во регионот за да се предадат. Не бегаат од властите како што известуваат медиумите”, навеле адвокатите.

Возилото на парот Крамбли било пронајдено во Детроит, на околу 60 километри од средното училиште каде се случило пукањето.

Џејмс и Џенифер Крамбли во петокот двајцата биле обвинети по четири точки, три дена откако нивниот 15-годишен син отворил оган во средно училиште во Оксфорд, на околу 60 километри од Детроит, убил четири ученици и повредил уште седум.

Кога ги слушнал извештаите за пукање во училиштето, Џејмс Крамбли веднаш се вратил дома од работа за да го побара пиштолот, кој не го пронашол.

Social profiles