СВР Охрид со детали за несреќата во која загина пешак – Makedonija News

СВР Охрид со детали за несреќата во која загина пешак

На 03.12.2021 година во 16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 23 годишен маж, удрил во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Social profiles