Автомобил во Велес влета во паб полн со гости – Makedonija News

Автомобил во Велес влета во паб полн со гости

Синоќа после полноќ автомобил влетал во градската пивница „Паб“ во центарот на Велес, а една жена е полесно повредена.

– Вакво нешто немам видено досега. Седевме во пабот, се беше мирно и одеднаш залетан автомобил влезе во кафулето. Го искрши инвентарот кој стоеше надвор, а една жена заврши со лесна повреда, но не е страшно. Другите сме добри – рече за ММС девојка која внатре седела со друштво.

Од МВР денес ќе излезат со детали и ќе потврдат дали возачот на автомобилот возел во алкохолизирана состојба и како од главната улица свртел лево удрил во излогот на пабот.

ММС

Social profiles