Водителот на „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ ја бакна македонската победничка – Makedonija News

Водителот на „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ ја бакна македонската победничка

Водителот на емисијата „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ ја бакна во уста победничката од ова натпреварување Добрила Ивановски Чабриќ. Таа повторно дојде во шоуто и беше почесен член на жирито, а откако ја бакна Жика тој се пошегува со неа.

„Дали се јавуваат додворувачите? Кажи ми малку“, ја праша Жика, а Маре се пошегува и рече дека било јасно оти ова е отворена врска.

„Имам од Австрија, Белград. Ама знаеш што, многу ми ја расипуваш работата, бидејќи сите велат: „Ќе му кажеме на Жики“, но јас не можам да мрднам“, му рече Добрила.

Жика неодамна изјави дека многу натпреварувачи оставиле голема трага, но дека Добрила била посебна.

Social profiles