(Фото) Запознајте ја Ана, жената во која гледаа сите на доделувањето на „Златната топка“ – Makedonija News

(Фото) Запознајте ја Ана, жената во која гледаа сите на доделувањето на „Златната топка“

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски на овогодинешното доделување на Златната топка пристигна во придружба на својата убава сопруга Ана Левандовска, која блесна позирајќи со него на црвениот тепих и го привлече вниманието со своето секси издание.

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски на овогодинешното доделување на Златната топка пристигна во придружба на својата убава сопруга Ана Левандовска, која блесна позирајќи со него на црвениот тепих и го привлече вниманието со своето секси издание.

Ана за гламурозната прилика избра црн тесен фустан, кој ја истакна нејзината витка линија и топ форма, а токму неговата сопруга е најголемата поддршка на Роберт. Бидејќи работи како фитнес тренер и консултант за исхрана, таа е делумно заслужна за неговата успешна кариера.

Дипломирала на Кинезиолошкиот факултет, а ја претставувала својата земја на Светското првенство во карате. Покрај тоа, нејзиното знаење му помогна на Роберт да ја подигне својата форма кариера и на неколку нивоа повисоко.

– Најважни работи се тренинзите и квалитетната исхрана. Се воздржуваме од лактоза и производи од пченично брашно, сакаме да јадеме квалитетна риба, а понекогаш после тренинг пиеме сок од цвекло со цимет или кајен пипер, вели Ана во интервју за „Билд“.

Во 2016 година, таа лансираше и свој бренд „Food by Ann“, а нејзината компанија продава смути, енергетски пијалоци и додатоци во исхраната.

Ана и Роберт се венчаа во 2013 година во Полска по петгодишна врска, во 2017 година станаа родители на девојчето Клара, а во 2020 година девојчето Лаура.

Social profiles