Трамп го нарече командантот на американската војска „проклет идиот" – Makedonija News

Трамп го нарече командантот на американската војска „проклет идиот”

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп остро зборуваше за шефот на Комитетот на началниците на генералштабовите на американската армија Марк Мили, пренесе весникот „Експрес”.

Трамп го нарече највисокиот американски генерал „проклет идиот” поради повлекувањето на војниците од Авганистан. Тој потсети како Мили се обидел да му докаже дека при повлекувањето на американските трупи од таму ќе биде поевтино да се остави сета воена опрема во земјата отколку да се изнесе.

– Имате авион од 50 милиони долари. Имате прекрасен хеликоптер од 29 милиони долари. Имавме секакви хеликоптери. Многу од нив се сосема нови, буквално само што отпакувани. Дали мислите дека е поевтино да го оставите таму за да го земат, отколку да го наполните со половина резервоар гас и да го однесете во Пакистан или да го вратите во нашата земја?, праша Трамп.

Говорејќи на настан синоќа во Мар-а-Лаго организиран од конзервативната организација Turning Point Action, Трамп истакна дека тој од Авганистан би зел сè што припаѓало на САД, „од најмалата завртка”.

Toj претходно рече дека Русија и Кина ги демонтирале и проучувале хеликоптерите што ги оставиле САД во Авганистан. Според него, Русија и Кина веќе имаат модели на американски хеликоптери кои наскоро ќе бидат усовршени. „Тие веќе ги демонтираат апачите, ги проучуваат и наскоро ќе ја состават најдобрата опрема”, изјави Трамп.

На 15 август талибанците ја презедоа контролата на целата територија на Авганистан по повлекувањето на американските трупи од земјата. Евакуацијата на американските војници и дипломатската мисија од Авганистан официјално заврши на 31 август 2021 година.

Social profiles