Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари – сопругата го поддржала – Makedonija News

Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари – сопругата го поддржала

Оскаровецот и продуцент ја раскажа анегдотата откако еден новинарот за време на интервјуто за „Гардијан“ го праша дали некогаш помислил дека има доволно пари.

„Па, да. Ми беа понудени 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама за авиокомпанија“, рече тој, додавајќи дека се консултирал со Амал, неговата сопруга, и одлучиле дека не вреди. Авиокомпанијата била поврзана со како што вели тој, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

„Си помислив: Па, ако ми одзема една минута сон, не се исплаќа“, изјави оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, тој има заработено над 40 милиони долари за својата рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Casamigos“ беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објави „Инсајдер“.

Social profiles