Позираат пред елката со пушки во раце, од Дедо Мраз побараа да им донесе муниција! – Makedonija News

Позираат пред елката со пушки во раце, од Дедо Мраз побараа да им донесе муниција!

Американски конгресмен во саботата објави фотографија на која тој и неговото семејство позираат со пиштоли околу новогодишна елка, само неколку дена по пукањето во средно училиште во Мичиген и убиството на четворица тинејџери, пренесува Ројтерс.

Среќен Божиќ! П.С. Дедо Мраз, донеси ни муниција“, напиша републиканскиот конгресмен Томас Маси од Кентаки на Твитер покрај објавената фотографија.

Во пукањето во Мичиген, беа убиени четири ученици, а уште шест ученици и еден наставник беа повредени, а настанот повторно ги разгоре жестоките дебати за безбедноста на училиштето, контролата на оружјето и правото на поседување пиштол.

Во меѓувреме, Маси објави фотографија на која тој и уште шестмина држат огнено оружје слично на митралез М60, полуавтоматска пушка АР-15 и митралез Томпсон.

Според американските закони, оружјето како митралез е ограничено на војската, полицијата и цивилите кои добиле посебни дозволи за оружје произведено пред мај 1986 година.

Менаџерот на кампањата на Маси, Џонатан ван Норман, сè уште не одговорил на барањето за коментар.

Најавата, меѓу другото, ја осуди и демократскиот конгресмен од Кентаки, Џон Јармут.

Social profiles