Пронајдени две лица кои се изгубиле на Пелистер – Makedonija News

Пронајдени две лица кои се изгубиле на Пелистер

Вечерва се пронајдени двете лица кои се изгубиле во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер), информира Центарот за управување со кризи.

Тимот на Горската служба ги пронашол двете изгубени лица и истите безбедно се донесени во Битола.

Лицата се безбедни, без повреди и се малку исплашени.

Претходно лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека.

Social profiles