Вооружен конфликт во Нигерија, загинаа 12 лица – Makedonija News

Вооружен конфликт во Нигерија, загинаа 12 лица

Најмалку 12 војници загинаа, а осум се ранети во вооружен конфликт во југозападен Нигер, во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти денеска нигериската Влада.

Се наведува дека војниците наишле на стотина милитанти во близина на селото Фунио, кои отвориле оган врз нив.

Во конфликтот се убиени десетици милитанти.

Овој напад е продолжение на бранот насилство што од 2017 година го спроведуваат групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава низ регионот Сахел во Западна Африка.

Social profiles