Во Тетово времено запрен јавниот градски превоз, еве ги причините … – Makedonija News

Во Тетово времено запрен јавниот градски превоз, еве ги причините …

Општина Тетово најавува привремен прекин на јавниот превоз во градот. Причината според општинските власти меѓу другото е што јавното претпријатие Транспорт Тетово наводно не е регистрирано и дека вработените во ова претпријатие се наведени како вработени во општината.

„Се известуваат граѓаните и пошироката јавност дека поради хаосот, неосигурување на вработените, причината што фирмата не е регистрирана, како и вработените во претпријатието ЈП „Тетово транспорт“ кои се водат како вработени во општината, како и поради други многубројни неправилности, привремено е во прекин јавниот превоз“, се вели во соопштението на општината.

Од таму додаваат дека ваквата состојба ќе трае се додека не заврши конечното скенирање на состојбите во овапретпријатие „наметнати од претходните раководни структури“.

Social profiles