Речиси 200 вработени во болница во Масачусетс се отпуштени поради тоа што во одредениот рок не се вакцинирале – Makedonija News

Речиси 200 вработени во болница во Масачусетс се отпуштени поради тоа што во одредениот рок не се вакцинирале

Речиси 200 вработени во болница во американската сојузна држава Масачусетс се отпуштени поради тоа што во одредениот рок не се вакцинирале против корона вирусот.

Станува збор за вработените на болницата „ЈуМас Меморијал хелт“ во Бостон, која на персоналот му дала рок до 1 ноември целосно да се вакцинира против Ковид-19.

Раководството на болницата соопшти дека чекало уште еден месец и оти на крајот ги раскинало договорите со персоналот кој не е вакциниран.

-Вакцинирани се 98 проценти од персоналот на болницата, а со тие 2 проценти кои пружија отпор ја раскинавме соработката – се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека приоритет на болницата е заштитата на персоналот и пациентите и оти отпуштањето на невакцинираните работници е единствената опција.

Во таа бостонска болница работат околу 15.000 луѓе.

фото: CTV News

Social profiles