(ВИДЕО) Пратеникот Аџиоски за автопатот Кичево – Охрид: Автопат не се гради со тројца работници и со една машина – Makedonija News

(ВИДЕО) Пратеникот Аџиоски за автопатот Кичево – Охрид: Автопат не се гради со тројца работници и со една машина

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, стружанецот Мирче Аџиоски имаше свој говор пред комисијата за транспорт и врски за Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

„Оваа Влада не е способна и ништо не работи. Проектот започна 2014 год. за негова реализација беа обезбедени средства и тој период се реализираше околу 50% до 2017 год. По тоа овој проект се проблематизира. Се бараа секакви забелешки, а единствено беше само да имаме дополнителен кредит од 200 милиони евра, кој никој не знае каде завршија, затоа што на терен нема никакво придвижување на работите. Автопат не се гради со тројца работници и со една машина што стои…

Social profiles