Дури кај 17 лица на фестивал во Скопје пронајдена дрога! – Makedonija News

Дури кај 17 лица на фестивал во Скопје пронајдена дрога!

Долго најавуваниот Таксират Фестивал 23, кој се одржа вчера во Спортски центар Борис Трајковски во Скопје, им отворил работа на полициските службеници од СВР Скопје, бидејќи немаа.

На скоро секоја забава или настан, кај што се очекува голем број на посетители по се изгледа и инспекторите и полицајците едвај чекаат да одат на тие настани каде главно се млади луѓе.

Настанот кој предизвика голем интерес кај посетителите, и за кој секогаш се бара билет повеќе, го засенија податоците од денешниот билтен на МВР, според кои дури 17 лица на возраст од 18 до 38 години биле приведени, бидејќи кај нив била пронајдена дрога.

Кај 15 од приведените дрогата била пронајдена во спортскиот центар, а пак кај двајца на паркинг просторот пред спортскиот центар.

Одземена е марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови на таблети и пакувања со тврда материја.

Приведените се од Скопје, Битола, Велес, Штип, Свети Николе, Куманово, Гевгелија, Србија и Косово, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Инаку, Таксират е уникатен фестивал на кој настапуваат регионални и светски музички ѕвезди. Во историјата на официјалната страница на фестивалот е наведено дека истиот има исклучително значајна улога во изградбата на „ново“ и подобро Скопје преку различни аспекти и пристапи на контра-културата.

Social profiles