Заев упати честитка до новиот германски канцелар Олаф Шолц – Makedonija News

Заев упати честитка до новиот германски канцелар Олаф Шолц

Откако Олаф Шолц по положувањето на заклетвата официјално стана нов германски канцелар на местото на Ангела Меркел, премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи упати честитки и посака партнерството помеѓу двете земји да продолжи и во иднина.

„Искрени честитки до новиот германски канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Во изминативе години ја продлабочивме соработката со Германија, како наш искрен и стратешки партнер“, напиша Заев на Твитер.

Шолц доби 395 од 707 дадени гласови, што е многу над потребното мнозинство од 369 гласа во Бундестагот со 736 места, за да ја добие оваа функција.

извор/фото: 360 stepeni

Social profiles