(СТАНОВИ ПОСКАПИ ОД КУЌИ)Недвижностите во Скопје поскапеле за 5,9 отсто – Метар квадратен достигна 1.500 евра – Makedonija News

(СТАНОВИ ПОСКАПИ ОД КУЌИ)Недвижностите во Скопје поскапеле за 5,9 отсто – Метар квадратен достигна 1.500 евра

Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто.

Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а според одредени градежници, цената може да стаса и од 2.000 евра. Во услови на голема побарувачка, како што велат, понудата во одредени подрачја е намалена поради мораториумите за градење во изминатите години, објави ФОКУС.

Social profiles