Уапсени сопругите на Беливук и Миљковиќ – Makedonija News

Уапсени сопругите на Беливук и Миљковиќ

По наредба на Обвинителството за организиран криминал полицијата ги привела Б.Б., Т.М., С.Ѓ. и М.М. поради сомнение дека Вељко Беливук и Марко Миљковиќ переле пари стекнати од криминал.

Како што Објави Нова.рс станува збор за сопругите на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, како и мајка на сопругата на Беливук, додека четвртото лице е невенчаната сопруга на обвинетиот член на криминалната група Филип Ивановски.

Според порталот Нова.рс, се сомнева дека уапсените переле пари стекнати од криминал со купување на недвижен имот и други повредни движни предмети на свое име.

Претресите се во тек.

Social profiles