Одобрени две стратешки инвестиции за соларни електрани вредни 116 милиони евра – Makedonija News

Одобрени две стратешки инвестиции за соларни електрани вредни 116 милиони евра

Владата на Република Северна Македонија на денешната 125-та редовна седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство, трговија и услуги РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, односно за инвестиција фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати.

Соларната електрана на стратешкиот инвеститор вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во Општина Делчево.

На седница Владата донесе уште една одлука за утврдување стратешка инвестиција за компанијата ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ Скопје, која што ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати и со вредност од 53 милиони евра.

ХЕК СОЛАР МК соларната електрана ќе ја гради во атарот на Долни Балван, во Општина Карбинци.

biznisinfo.mk

Social profiles