Шлицот на фустанот открил сè! Пејачката прошетала во провокативна тоалета, а ни трага од долна облека – Makedonija News

Шлицот на фустанот открил сè! Пејачката прошетала во провокативна тоалета, а ни трага од долна облека

На доделувањето на „People’s Choice“ наградите, се собрале многу познати личности од светот на музиката, модата и филмот, а најмногу внимание привлекла пејачката Беки Џи.

Иако на црвениот тепих се прошетале многу светски убавици како Хале Бери и Скарлет Јохансон, најмногу внимание привлекла американската пејачка Беки Џи и тоа поради тоалетата што ја избрала.

Пејачката се појавила во трик фустан кој ги збунил сите присутни. Од левата страна жолтата креација со отворен грб делувала многу женствено, но и ‘пристојно’. Меѓутоа, кога Беки ја покажала својата десна страна, фотографите останале сосема збунети.

Шлицот кој завршувал буквално кај струкот, открил многу повеќе од што очекувале. Првично било јасно дека на доделувањето дошла без долна облека, а бидејќи шлицот бил толку длабок, при секој чекор ѝ се откривал задникот.

Пејачката овој ефектен фустан го искомбинирала со црни сандали на висока потпетица и со платформа.

Social profiles