Најмалку 50 загинати во торнадо што ја погоди американската сојузна држава Кентаки – Makedonija News

Најмалку 50 загинати во торнадо што ја погоди американската сојузна држава Кентаки

Најмалку 50 лица загинаа во торнадото што ја погоди југоисточната американска сојузна држава Кентаки, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Знаеме дека најверојатно имаме над 50 загинати“, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, за локалната телевизиска станица WLKY.

Торнадото особено го погоди округот Грејвс доцна синоќа.

Гувернерот додаде дека две цистерни со вода за пиење се испратени во градот Мејфилд, кој е силно погоден од торнадото.

„Имаме фабрика во Мејфилд чиј покрив е урнат во торнадото, поради што се стравува од голем број жртви“, додаде тој.

Бешир прогласи вонредна состојба по природната катастрофа.

извор: Агенција Анадолија (АА).

Social profiles