Дали „Шпаркасе Банка“ има нај споро електронско плаќање на светот ? – Makedonija News

Дали „Шпаркасе Банка“ има нај споро електронско плаќање на светот ?

Чекање со часови да се реализира трансфер на пари помеѓу две сметки во истата банка, јавувања на телефон во центарот за „е плаќања“, нервози и ургенции да се реализира трансферот – тоа е состојбата која ја доживуваат клиентите на некогашната „Охридска Банка“ која повеќе не постои, а клиентите на „Охридска“ сега маки мачат и не им се верува како е можно нешто што пред 15 години траело 30 секунди, во „Шпаркасе банка“ да трае најмалку три часа ?

Со преземањето на „Охридска банка“ не исчезна само брендот, туку очигледно е целосно уништен еден перфектно функционален систем кој работеше беспрекорно.

„Охридска Банка“ интернет банкарство воведе уште во деведесеттите години на минатиот век кога се користеше „дајл ап“ интернет и од тогаш, па се до пред 5 месеци клиентите имаа беспрекорен систем за електронски плаќања, каде трансферите се одвиваа за 30 секунди, но тоа го снема со доаѓањето на „Шпаркасе“ и префрлањето на клиентите на новиот систем кој функционира катастрофално лошо, трансфери кои се правеа за 30 секунди сега се прават најмалку за три часа ( ако имате среќа, ако не може да ја направите уплатата меѓу сметки во истата банка во 8 часот наутро и да се реализира во 14 часот поручек ).

Зошто клиентите на некогашната „Охридска Банка“ се изложени на вакво малтретирање од „Шпаркасе“ не одговорија иако уредно поставивме прашање зошто нивното „е банкарство“ е толку споро и им прави толку главоболки и проблеми на нивните клиенти.

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕНИ ПРОВИЗИИ

Но „Шпаркасе“ не донесе само уназадување и враќање назад со најспориот систем за електронско банкарство кој им го нуди на клиентите. За овој спор и нефункционален систем, оваа банка на клиентите речиси двојно им ги зголеми провизиите па клиентите кои сега кинат нерви и чекаат со часови за услуга која порано траела 30 секунди плаќаат двојно повеќе провизија на оваа банка.

извор: news1.mk

Social profiles