Кинескиот претседател Џинпинг и рускиот претседател Путин ќе разговараат преку видео-конференциска врска – Makedonija News

Кинескиот претседател Џинпинг и рускиот претседател Путин ќе разговараат преку видео-конференциска врска

Кинескиот претседател Си Џинпинг и претседателот на Русија Владимир Путин на 15 декември ќе разговараат преку видео-конференциска врска, пренесува Агенција Анадолија (АА)

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, истакна дека Си и Путин ќе се состанат преку видео-конференциска врска.

Портпаролот Хуа нагласи дека на средбата закажана за 15 декември, лидерите ќе разговараат за билатералните односи и регионалните и глобалните прашања.

Состанокот на лидерите на двете постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) е од критично значење во однос на рамнотежата на силите, поради неодамнешните тензични односи на двете земји со САД.

Претседателот Си имаше онлајн средба со неговиот американски колега Џо Бајден на 16 ноември, која траеше околу 3,5 часа.

И Путин на 7 декември се состана со Бајден преку видео-конференциска врска. Беше соопштено дека пред крајот на годината може да се одржи средба лице в лице меѓу двајцата лидери.

извор: news1.mk

Social profiles