Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“ – Makedonija News

Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“

Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“, пренесува ТВ21.

Според првичните информации од МВР на Бугарија за ТВ21, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало.

Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна опрема.

Според првичните информации, камионот со македонски регистарски таблици застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до судирот дошло додека се обидувал повторно да се приклучи во движење.

На подрачјето на 160 километри од автопатот Тракија, сообраќајот се одвива по лентата за престигнување поради сообраќајната несреќа. Сообраќајот го регулира Сообраќајната полиција.

На местото на несреќата се уште во тек е увидна екипа и полиција.

Social profiles